evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Летни сметки со претпоставена потрошувачка на електрична енергија

10.08.2015


Поради сезоната на годишни одмори, сметките за месец август за поголемиот дел на корисниците како и секоја година ќе бидат со претпоставена потрошувачка на електрична енергија. Претопставените сметки се изготвуваат според просечната потрошувачка која се однесува на тековниот месец. Порамнувањето на потрошените киловатчасови (kWh) ќе биде направено веќе со наредното отчитување.
Водени од стратегиската цел за партнерски однос со корисниците и транспарентност во работењето, ЕВН Македнија ги информира корисниците дека во случај да забележат дека во сметките се наведени повеќе или помалку потрошени киловат часови од реално потрошеното имаат право во секое време да побараат корекција на сметката. Тоа може да се направи се' додека не е почната новата отчитувачка недела, преку контакт телефоните во Центарот за корисници на бројот 0890 88888, на електронската адреса [email protected] или со поднесување на барање за корекција на сметка во најблискиот Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија. Ако корисникот сепак не се одлучи за корекција, порамнувањето ќе биде направено веќе со следната сметка. Во никој случај корисниците нема да бидат оштетени.

> назад