evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Летна практикантска работа 2012

25.07.2012


Почна летната практикантска работа во ЕВН Македонија. Во месец јули 13 практиканти се учесници во програмата која се спроведува веќе пет години. Праксата е во времетраење од еден месец, а се извршува во повеќе оддели и Кориснички енерго центри на ЕВН низ Македонија, во зависност од профилот на студентите.

До крајот на летото уште триесетина студенти ќе бидат дел од програмата за практикантска работа. Таа им нуди можност на студентите да се стекнат со практично искуство во компанија. За секој практикант е определено лице - ментор кое ќе се грижи за практикантот и ќе ги следи неговите интереси, активности и достигнувања.

Заради реализација на програмата ЕВН Македонија потпиша повеќе меморандуми за соработка со државни и приватни факултети и универзитети, од каде доаѓаат практикантите.
Со оваа програма ЕВН Македонија во целост го поддржува образовниот процес, а воедно таа претставуваат извор на високо мотивирани, се уште не изградени професионалци, кои можат да се развијат токму според потребите на компанијата, што е докажан начин за ангажирање и оценување на потенцијални вработени.
> назад