evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Заедничка кампања на ЕВН и банките за користење на траен налог

09.01.2013


ЕВН Македонија од денес, 09.01.2013 година, започнува заедничка кампања со банките за промоција на трајниот налог како опција за редовно плаќање на сметките за електрична енергија. Плаќањето на сметките за електрична енергија преку траен налог нуди многу предности за корисниците, кои во моментов тие недоволно ги искористуваат. Плаќањето преку траен налог бара минимален ангажман на корисникот, а за возврат значи сигурно редовно подмирување на долговите за електрична енергија.

Трајниот налог практично е алатка за: сигурно плаќање на сметките за електрична енергија на време секој месец, избегнувајќи ја можноста за камата за задоцнето плаќање, како и автоматско плаќање при што се избегнува чекањето на редови во банките и другите места за наплата.

Склучувањето на траен налог е едноставно и брзо. Се што треба да направи корисникот е да отиде во најблиската експозитура на неговата банка и да склучи договор за траен налог. Трајниот налог ќе се промовира во просториите на трите најголеми банки и тоа – Комерцијална, Стопанска и Тутунска банка, а како опција за плаќање веќе постои и во останатите банки.

Со цел да се олесни склучувањето на трајниот налог, развиен е и унифициран формулар функционален во повеќето банки. Формуларот корисниците можат да го преземат и од веб страната на ЕВН Македонија, како и во сите приемни канцеларии низ Македонија. Дополнителни информации може да се добијат во контакт центарот на ЕВН Македонија, на 0890 12345.
 

> назад