evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Енергетските клубови на ЕВН Македонија се натпреваруваа

08.06.2012


Децата од Училишниот проект на ЕВН Македонија на 07. 06. 2012 беа дел од националниот квиз за енергетика. Околу 100 ученици од 15 училишта во 5 општини од сите региони на Републиката се натпреваруваа со стекнатото знаење за енергетска ефикасност.

Квизот беше полн со нови изненадувања и возбуди за децата. Победници на годинешниот национален квиз за енергетика се учениците од ОУ „Ашим Агуши “ од с.Радолишта-Струга, второто место им припадна на учениците од ОУ „Јосип Броз Тито“ од Струга, a како трети завршија натпреварувачите од ОУ „Алија Авдович“ од Скопско Батинци.

ЕВН Македонија оваа година во реализацијата на училишниот проект воведе системски промени во концептот. Наместо еднократни посети на училиштата со кои се одржуваа едночасовни работилници за енергетска ефикасност, годинава едукаторите од локалните НВО ги посетуваа одбраните училишта во текот на целата учебна година.

Во училиштата од општините Студеничани, Липково, Струга, Струмица и Прилеп, оформените енергетски клубови според посебна програма во текот на целата учебна година работеа на мерки за намалување на потрошувачката на електричната енергија во нивното училиште. Преку интерактивни вежби, практични примери, експерименти и многу други модерни методи, децата активно учеа како да се биде совесен при користењето на електричната енергија.

Училишниот проект оваа година воведе и уште еден новитет – натпревар за најдобар постер на тема енергетска ефикасност. Најдобрите постери изработени во енергетските клубови беа изложени за време на националниот квиз.

За да се овозможи континуитет на енеретските клубови, наредната година секое училиште ќе добие одреден буџет за изработка на специјален проект за намалување на потрошувачката на електрична енергија во општината.
> назад