evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН наградена за најдобар општествено одговорен проект

01.11.2012


ЕВН Македонија доби прва награда за вложување во заедницата на доделувањето на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2011 година. Наградата ја доби за проектот “Јованче и Марика”, првата патувачка детска опера во Македонија. Националната награда за општествена одговорност ја доделува Министерството за економија.
ЕВН Македонија исто така доби јубилејно признание за континуирано спроведување на општествено одговорни практики за време од 5 години постоење на националната награда
Компанијата во соработка со Македонската опера и балет реализираше еден од најобемните прoекти во областа на културата и образованието во Македонија. За прв пат беше развиена оперска претстава, наменета за деца на македонски јазик чијашто сценографија беше прилагодена за патување на претставата.
Во периодот од декември 2010 година до март 2012 година претставата имаа прилика да ја видат повеќе од 7.000 деца во различни градови во Републиката. Освен во Скопје, децата можеа да ја погледнат операта во Куманово, Битола, Охрид, а во Струмица просторот дозволи изведување на помала детска претстава. Во оние градови каде што немаше соодветен простор за прикажување, децата со организиран превоз беа донесени во Скопје и ја проследија операта во салонот на МОБ.
Она што е посебно за проектот е тоа што ЕВН Македонија заедно со голем број на партнери од граѓанскиот сектор успеа да им ја доближи операта на деца од најзагрозените социјални категории кои не се во можност да посетат било какви културни манифестации. Деца кои беа во изминатите 5 години вклучени во училишниот проект на ЕВН Македонија, деца со пречки во развојот, деца без родители, деца од региони каде што живеат социјално загрозени граѓани и деца на вработените беа дел од прекрасната бајка “Јованче и Марика”.
Операта сега е воведена и во редовниот репертоар на Македонската опера и балет и со тоа во Македонија за прв пат редовно се прикажува опера за најмладите на македонски јазик.

> назад