evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН е новиот универзален снабдувач со квалитетна услуга и многу новитети за корисниците

27.02.2019


ЕВН ќе биде новиот универзален снабдувач, сите домаќинства и мали претпријатија кои имаат помалку од 50 вработени и вкупен годишен приход помал од 2 милиони евра во минатите две години и кои нема да изберат снабдувач на либерализираниот пазар, ќе бидат снабдувани од универзалниот снабдувач. За оваа цел ЕВН ќе формира нова компанија која ќе се вика EVN Home.
ЕВН беше избрана како најповолен понудувач на јавното наддавање и ќе ги снабдува корисниците кои нема да излезат на отворениот пазар во наредните пет години.

„ЕВН има големо искуство во енергетскиот сектор, а ние тоа го докажуваме на македонскиот пазар во последните 12 години. На нашите корисници им нудиме придобивки и најнови трендови од оваа област и со тоа придонесуваме за позитивниот развој на пазарот. Фокусот кон корисниците и понатаму ќе остане наш приоритет, а ние ќе им понудиме квалитетна услуга како што е нашиот call center достапен 24/7 на три јазици, електронско плаќање и многу други електронски услуги“, изјави Штефен Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
ЕВН како универзален снабдувач, на регулираниот пазар ќе работи според фиксна маржа дефинирана од тендерската процедура во наредните 5 години.

> назад