evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН дел од вежбата „Национален одговор 2019“

19.09.2019


Во касарната „Јане Сандански“ во Штип се одржа вежба за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 2019“. Сценариото на вежбата е временска непогода со обилни врнежи во регионот на Штип, излевање на реката Брегалница и поплави во околината, поради што се прогласува кризна состојба. Според сценариото, од надојдената река паднал и се оштетил високонапонски столб, поплавена е дистрибутивна трансформаторска станица, а населението е останато без електрична енергија. За брзо санирање на дефектот, екипите на ЕВН подигнуват брзомонтажен високонапонски столб, а за времено напојување поставуваат агрегат од 150kVA. При справувањето со кризната состојба екипите на располагање користат и моторна санка. Вежбата завршува со целосна монтажа на нова, мобилна дистрибутивна трансформаторска станица и повторно нормално воспоставување на напојување со електрична енергија. На вежбата учествуваа припадници на армијата, МВР, противпожарната единица, центарот за управување со кризи и на други институции и јавни претпријатија, а ЕВН е единствената приватна компанија која за првпат е поканета да биде дел од ваква вежба. ЕВН учествуваше со вкупно 7 тимови електромонтери од одделот Висок напон, КЕЦ Ѓорче Петров, КЕЦ Васил Главинов и КЕЦ Штип. Дел од опремата на ЕВН која беше и користена во оваа вежба беше изложена вчера на плоштадот во Штип.
> назад