evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН воведува мерки за заштита од ширењето на корона вирусот

11.03.2020


Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ЕВН презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците. Во целост ќе се почитуваат мерките и препораките од последната владина седница, а се однесуваат на справување со заканата од корона вирусот. Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме фрекфенцијата на корисници во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ да се намали на минимум и да се користи и почитува електронскиот систем за ред на чекање. Ве молиме посетите на приемните канцеларии да се прават само за неодложни барања и услуги. Следните 14 дена додека важат мерките за заштита нема да работи приемната канцеларија на ЕВН во Дебар. За сите останати информации и услуги корисниците може да: - ја посетат нашата веб страна www.evn.mk - пратат допис на [email protected] - ги користат онлајн услугите на www.evnonline.mk На корисничкиот портал www.evnonline.mk : Без да се регистрираат може: - да се пријават за електронска фактура - брзо да платат фактури Со регистрација на профилот достапни се услугите: - проверка и плаќање на долгови - преземање на копии од фактури од последните 12 месеци - увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил - барање за потврда за успешно плаќање Корисниците ги повикуваме да ги применуваат и препораките од Светската здавствена организација и Министерството за здравство, поради тоа што општото здравје е резултат и на нашата лична односно индивидуална одговорност.
> назад