evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија и месното население од Реканскиот крај се договорија како да се надминат проблемите со електричната енергија

07.01.2015


Сите населени места во Општина Маврово и Ростуше имаат електрична енергја. Прекините кои се јавуваат се од големите товари на трафостаниците кои се јавуваат поради двојно зголемената потрошувачка. Затоа, претставници на кризниот штаб на ЕВН Македонија, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше и претседателите на месните заедници се договорија како да се надминат проблемите со електричната енергија додека траат минусните температури.

Главните далекуводи се многу оштетени од снежното невреме и патиштата до нив се непристапни и ЕВН Македонија мораше да изгради привремен 10 кВ далновод за да донесе напојување до трафостаницата Јанче од која напон добиваат овие населени места. Овој далновод на вака ниски температури и двојно зголемена потрошувачка не може да ги издржи големите товари, па затоа корисниците ќе треба многу да внимаваат при користењето на електричната енергија. Ќе треба да ја користат само за ладење на храната и осветлување, а електричната енергија засега да не ја користат за греење туку да користат други оргевни средства. Ако ова не се испочитува ЕВН Македонија ќе мора да спроведе дополнителни мерки за заштита на мрежата и истовремено обезбедување на корисниците со електрична енергија. Екипите на ЕВН и натаму остануваат на терен да работат на евентуални прекини во мрежата.
 

> назад