evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија испорача нови пресметки и кривични пријави за неовластено користење на електрична енергија

19.08.2013


Нови 35 корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење на електричната енергија. Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица за првите 18 дена во август открија 22 корисника кои ги манипулирале броилата и 13 кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа.
Енергијата која ја трошат корисниците кои самостојно се приклучиле не се евидентира во системот на ЕВН Македонија и тие воопшто не плаќаат за потрошенотo. Притоа, ова неовластено користење на електричната енергија претставува и кривично дело. По откривањето тие се веднаш исклучени од системот и поднесени им се пресметки и кривични пријави. Вкупната штета која ја направиле крадците изнесува 5,4 милиони денари или 800,000 kWh.
Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија ги продолжуваат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.
Во првите шест месеци од годинава ЕВН Македонина откри 1200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ, крадците украле 20 милони киловатчаса електрична енергија.
 

> назад