evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија е добитник на наградата за филантропија „ОКО“

04.11.2021


ЕВН Македонија е добитник на наградата за филантропија „ОКО“ како најдобра во категоријата „Корпоративна филантропија за големо претпријатие за 2019 година“. Компанијата се натпреваруваше во оваа категорија преку своите три проекти: „ЕВН Волонтира“, „Електромобилност со ЕВН“ и „Гласни раце во ЕВН“. Следејќи ги светските трендови, оваа компанија веќе неколку години активно гради инфраструктура на полначи низ целата земјата преку проектот „Електромобилност со ЕВН“, а со имлементација на проектот „Гласни раце во ЕВН“ се стреми да обезбеди највисоко ниво на услуга за граѓаните со оштетен слух. Користејќи ги своите интереси, знаења и широк распон на вештини, вработените во ЕВН работеа за подобрување на локалните заедници како дел од програмата за корпоративно волонтирање „ЕВН Волонтира“ која е сè уште во тек. Организатор на настанот е здружението „Хорус“, а годинава свеченото доделување се одвиваше во просториите на „М6 едукативен центар“ во Скопје. Цел на настанот е да се стимулира развојот на филантропијата во земјата и да се препознаат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои долгорочно и стратешки го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата. Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународен развој.
> назад