evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија додели нови стипендии за најталентираните студенти на ФЕИТ

14.09.2015


ЕВН Македонија ја продолжува поддршката на младите и стручни кадри од областа на енергетиката и на стартот на новата учебна година додели нови 4 стипендии за студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје.

Елена Спасовска, Тања Серафимовска, Александра Проева и Арди Хамза се стипендистите на ЕВН кои следните 10 месеци ќе добијат од компанијата финасиска помош од 6 000 денари. За да продолжи подршката секоја година нивната просечна оценка на студиите треба да биде над 8.

Деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски, проектот за доделување на стипендиите го оцени како повеќе од успешен, затоа што од година в година, прогресивно се зголемува бројот на новозапишани студенти на ФЕИТ, со тоа расте и конкуренцијата во поглед на бројот на пријавени студенти апликанти за стипендии.

Стратегиска цел на ЕВН Македонија е привлекување на најдобрите млади, стручни и високообразовни кадри и поддршка на образовниот процес, рече Анета Петровска - Русомароски, менаџер за човечки ресурси во ЕВН Македонија на свеченото доделување на стипендиите.
“Затоа, секоја година даваме поддршка на студентите од енергетските насоки кои имаат високи академски постигнувања и посветеност кон континуиран личен и професионален развој. Многу не радува тоа што нашата цел е остварена, првата генерација на стипендисти веќе се вработени кај нас и даваат придонес кон нашата цел - сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија, вели Петровска – Русомароски.

Ова е веќе четврта година како ЕВН Македонија заедно со државните енергетски компании АД ЕЛЕМ и МЕПСО доделуваат стипендии за 14 најталентираните студенти на ФЕИТ.
> назад