evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија доби награда за долготрајното членство во Стопанската комора на Македонија

19.02.2020


На одбележувањето на 98та годишнина од постоењето на Стопанската комора на Македонија, ЕВН Македонија беше одликувана со „Награда за долготраен активен член на Стопанската комора на Македонија“. Наградата му беше врачена на Претседателот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер. Тој истакна дека наградата претставува официјално признание на бизнис заедницата за придонесот на ЕВН Македонија кон развојот на целокупното општество. Настанот се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје, со присуство на владини функционери, многубројни претставници на стопанството и меѓународната заедница. По повод годишнината беше презентирана и студијата „Западен Балкан на глобален пазар: можности за трговија и инвестиции“. Низ својата 14-годишна историја ЕВН преку своите инвестиции во мрежата, во човечкиот капитал и животната средина покажува дека има моќ да ги следи барањата на бизнисот, но во исто време и да биде двигател на иновациите во македонската економија.
> назад