evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија ги санираше сите дефекти во поплавените региони и се вклучува во хуманитарните донации за настреданите подрачја

05.08.2015


Надминат е проблемот и со најакритична трансформаторската станица во с. Шипковица која беше целата под наносот од кал, камења и шут. Екипите на ЕВН Македонија и понатаму ќе останат на терен во случај да има потреба од понатамошни интервенции.

Покрај интензивните напори на екипите на ЕВН Македонија за отстранување на дефектите и санирање на мрежата во тетовскиот регион, ЕВН ќе се вклучи и во донаторската акција на Црвениот Крст за помош на населението од најпогодените подрачја.
Во следните денови, со помош на Црвениот Крст, ЕВН Македонија на жителите од тетовскиот регион, покрај вода за пиење ќе им достави средства за чистење и дезинфекција, неопходни за нивно повторно враќање во поплавените домови.

> назад