evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија ги санираше и останатите дефекти во кризните населени места во тетовскиот регион

04.08.2015


Селата Вејце, Бродец, Бозовце, Вешала, Нераште и еден дел од с. Шипковица повторно имаат напојување со електрична енергија. Санирани се електричните столбови кои паднаа како резултат на силното невреме што го зафати тетовскиот регион во текот на вчерашниот ден.

Екипите на ЕВН Македонија во моментот се сеуште на терен, а најкритична е околината на с. Шипковица, каде во моментов од вкупно три, под напон се две трафостаници. Како што се расчистуваат патиштата и приодите до енергетските објекти, така се очекува екипите на ЕВН да го отстанат и последниот дефект, и корисниците кои се напојуваат од оваа трафостаница да добијат електрична енергија.

Обилните врнежи и силни ветришта кои го зафатија тетовскиот регион предизвика големи штети на електродистрибутивната мрежа и оставија голем број на корисници привремено без напојување со електрична енергија. Голем број од електричните столбови беа пандати, а каблите искинати. Благодарејќи на напорите на засилените екипи на ЕВН Македонија, оштетената мрежа беше санирана.

Екипите на ЕВН Македонија ќе останат на терен во текот на ноќта и утре, ќе се работи се’ додека не се воспостави нормално снабдување со електрична енергија за сите корисници.
> назад