evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Вие сте тука: > Кариера

Кариера


Насочени кон исполнување на очекувањата на нашите корисници, вработените петставуваат наш најзначаен ресурс.
ЕВН Македонија е компанија со амбициозни цели за чие исполнување се потребни одговорни и иновативни луѓе подготвени на нови предизвици кои преку примена на своите идеи и знаења ќе бидат ориентирани кон остварување на поставените задачи и заеднички цели. Компанијата на своите вработени им нуди можности за обука, дообука, личен развој, стекнување нови искуства и напредок во кариерата во исклучително пријатна атмосфера со изразен натпреварувачки и тимски дух.


Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од ЕВН Македонија!

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија на [email protected] испратете ја вашата куса биографија (CV), фотографија и придружно писмо (на македонски и англиски јазик). Доколку конкурирате на конкретен оглас, тогаш во предметот назначете за кое работно место се пријавувате. Вашите податоци ќе бидат третирани со најстрога дискреција. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.
Доколку се согласувате Вашите податоци да се чуваат во Одделот за човечки ресурси потребно е да пополните изјава за лични податоци и да ни ја испратите заедно со апликацијата. Во спротивно согласно со Законот за заштита на лични податоци, по обработката тие ќе бидат избришани/уништени. Сите добиени податоци што ќе се чуваат во Одделот за човечки ресурси ќе се обработуваат единствено за потребите на процесот за регрутација и селекција на кадар и ќе се чуваат во временски период од една година.

Изјава за лични податоци