evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Вие сте тука: > Медиуми > Среќно семејство

ЕВН Македонија со награди за редовните плаќачи
 

Корисници кои редовно и во рок ги плаќаат своите сметки за електрична енергија имаат можност да бидат дел од учесниците на новото наградно шоу „Среќно семејство“


 


Секоја втора недела, на националната телевизија Алфа и Алсат М се емитува наградна игра во која низ четири забавни игри, три среќни семејства се натпреваруваат за парични награди од 300, 500 и 1000 евра. Извлекувањето на учесниците е по случаен избор, преку компјутерски систем.


Игрите се едноставни, возбудливи и интересни и секое семејство што учествува може да ги заврши лесно и низ смеа. „Среќно семејство“ е шоу какво што одамна немало на македонските медиуми и е вистинска можност гледачите да се потсетат на некои игри што се „класици“, но ќе видиме и многу нови изненадувања.


ЕВН Македонија постојано ја вреднува довербата на своите корисници и веќе традиционално организира наградни игри за редовните плаќачи. Во изминатиот период, воведени се низа услуги со кои на корисниците им се олеснуваат плаќањето на сметките. Сега корисниците можат да ги добијат сметките по електронска пошта, да ги плаќаат онлајн, состојбата на сметката да ја проверуваат преку говорен апарат. Сметките можат да ги плаќаат без провизија во било која банка, пошта и наплатен пункт на ЕВН Македонија.

„Среќно семејство“ започнува на 19.05.2014 година, а во моментов е во својата трета сезона и се емитува на ТВ Алфа секој понеделник во 19:50 часот. На Алсат М телевизија, пак, емисијата се емитува секоја сабота во 17:30 часот на албански јазик.
Репризните изданија на наградната игра на двете телевизии ќе се емитуваат за време на викендот.

Секое семејство е потенцијален учесник. Се’ што треба да направите е да ја платите сметката за електрична енергија и да очекувате да бидете извлечени.

Гледајте „Среќно семејство” и уживајте со целото семејство!


Видеа од изминатите епизоди:

Јутјуб канал