evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




„Енергетска математика“ добитник на интернационална награда

22.07.2016


Стручното жири на Меѓународната организација за односи со јавност „IPRA“, ѝ додели највисока, златна награда на кампањата „Енергетска математика“, што ЕВН Македонија ја реализира во рамките на Платформата за енергетска ефикасност. „Енергетска математика“ ја доби оваа престижна награда во категоријата „Односи со заедницата“ во конкуренција на голем број проекти од целиот свет.

Платфoрмата за енергетска ефикасност претставува долгорочна взаемна соработка помеѓу ЕВН Македонија, Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Македонија и во континуитет се спроведува од 2012 година. Во рамките на Платформата реализирани се низа едикативни активности за повеќе категории на корисници за енергетската ефикасност. Досега покрај широката јавност, насочени активности беа организирани за студентите, бизнисите и медиумите. Платформата за енергетска ефикасност е добитник и на Националната награда за општествена одговорност во Македонија за најдобар проект во категоријата „Односи на пазарот“ за 2014 година. Платформата исто така беше спомната во извештајот на Европската комисија како позитивен аспект на прогресот на Македонија во 2014 година.

Меѓународната организација „IPRA“ е најголемата светска мрежа на агенции кои работат во областа на односите со јавност. Апликацијата за наградата беше доставена од ПР агенцијата која ја продуцираше кампањата за ЕВН Македонија. Оваа значајна награда е само дополнителен поттик да продолжат активностите во рамките на Платформата за енергетска ефикасност и во следниот период.
> назад