evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




„ЕВН Волонтира” нов проект за општествена одговорност на ЕВН

25.07.2017


Група волонтери од ЕВН Македонија работеа на уредување и разубавување на дворот на регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост – „Порака наша“ во Куманово. Со ова и официјално почна и новиот проект “ЕВН Волонтира” кој претставува низа од активности кои ќе ги вклучат сите вработени кои имаат волја да волонтираат низ целата земја.
Волонтерите денеска целото работно време го посветија на хортикултурно уредување, бојадисување на оградата и расчистување на дворното место на регионалниот центар – „Порака наша“. Во активностите учествуваа г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија и Претседателот на синдикатот на компанијата, г-дин Роберт Симоноски.
„Задоволство ми е да го означам почетокот на новиот проект на ЕВН Македонија - „ЕВН Волонтира“. Со ова ја носиме корпоративната оштествена одговорност на едно ново ниво, со цел да ја подигнеме свеста меѓу компаниите, институциите па и поединците“ изјави г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот Одбор на ЕВН Македонија. „Мора да се бориме да стигнеме до нивото на свест кое ќе ни помогне да сфатиме дека финансиската помош е важна, но има некои работи кои е потребно да се направат и од човечка рака. Меѓусебната поддршка или она што значи да се биде „таму“ за некого, е животно искуство и добрина која дава надеж.“ додаде г-дин Петер.
Активностите на волонтерите на ЕВН нема да застанат тука и денес, туку ќе продолжат и во идниот период во повеќе региони и градови во земјата.
Изминативе 10 години, ЕВН Македонија докажа дека корпоративната општествена одговорност е поставена како една од главните и долгорочни цели на компанијата. Посветеноста и успехот на ова поле беа препознаени од заедницата и ЕВН е добитник на многу награди и признанија од различни категории како: Инвестирање во заедницата, Односи на пазарот, Етички менаџмент, Односи со вработените и Животна средина.
 

> назад