evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија ја стави под напон целата дистрибутивна мрежа во кризниот скопски регион

16.08.2016


ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите. Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа. Остануваат без напојување уште десетици корисници чии домови се под под вода и кал и во моментов не е безбедно да се приклучат бидејќи може да се предизвикаат несреќи и дополнителни штети.

Со електрична енергија се снабдуваат и сите корисници од населба Илинден. Трафостаниците кои беа под вода се веќе исчистени и ставени под напон. Следната фаза која ЕВН Македонија ја почнува во овој регион е чистење на мерните ормари од кал и нивно сушење од влага, како и замена на оштетените броила, столбови и друга енергетска опрема. Ќе се замената сите оштетени енергетски објекти и ќе се реконструира во целост дистрибутивната мрежа. Замената на целата енергетска опрема на ЕВН е трошок на компанијата и за тоа ниту доесега плаќале ниту ќе плаќаат корисниците.

Екипите на ЕВН Македонија и натаму ќе останат да работат на терен во кординација со локалната самоупва, владиниот и градскиот кризен штаб. Апелираме корисниците во регионот каде се санира мрежата ништо да не преземаат на своја рака и за се што е потребно околу инсталациите и енергетската опрема да се во координација со екипите на ЕВН. 

%%control:ImageGallery?17612%%
> назад