evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија и универзитетот „Мајка Тереза“ потпишаа меморандум за соработка

22.02.2017


ЕВН Македонија ја продолжува поддршката на образовниот процес во земјава. Денеска потпиша меморандум за соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“. Целта е да се обезбедат услови за развој на професионалните вештини на младите стручни кадри во периодот на нивното студирање. Од меморандумот ќе произлезат и конкретни мерки во интерес пред се на студентите на овој Универзитет. Посета на практикантска работа, стекнување на нови знаења и искуства, можности за стипендирање на најдобрите студенти и нивно вработување.

Заблагодарувајќи се на ЕВН за подготвеноста за отворање на ваков процес на соработка, ректорот на универзитетот „Мајка Тереза“ г. Азис Положани, истакна дека ваквата подршка е директен бенефит за студентите.

„Ќе почнеме со усогласување на студиските програми и насоки на универзитетот кои се во интерес на ЕВН, па ќе продолжиме со договори што ќе овозможат поддршка на студентите во овие програми, за време на студиите и по дипломирањето, се до нивното вработување“, рече Положани.

Според претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Штефан Петер, соработката ќе се заснова на принципите на партнерство, консензус, транспарентност и одговорност. Тој изјави дека приоритет во заедничкото делување и соработка ќе биде зголемување на степенот на заинтересираност и едукација на студентите.

ЕВН Македонија својот иден кадар го црпи од високите образовни институции во земјава. Затоа соработката за остручување на студентите од Електротехничките факултети во Скопје, Битола, Штип, Тетово како и од другите факултети во земјава е од големо значење и за компанијата, и образовните институции и студентите. За таа цел креирани се повеќе програми и за обука и за остручување и за вработување на млади стручни кадри.
 

> назад