evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Вие сте тука: > Домаќинства > Нов корисник

Нов корисник

Приклучувањето на објектите на физичките лица на електричната мрежа на ЕВН Македонија се врши врз основа на Решение за согласност за приклучување издадено од страна на ЕВН Македонија.

Согласност за приклучување на електричната мрежа на ЕВН Македонија е потребна при:

  • изградба на нов објект кој се приклучува на електричната мрежа
  • зголемување на одобрената максимална едновремена моќност на корисникот на електричната мрежа
  • промена или реконструкција на приклучокот по барање на корисникот на електричната мрежа
  • промена на техничките карактеристики на уредите на корисниците на електричната мрежа кои имаат изразено повратно влијание на електричната мрежа
  • обединување на повеќе мерни места во едно мерно место
  • поделба на мерното место на поголем број на мерни места

Барањето за согласност за приклучување се поднесува до Корисничките енергетски центри на ЕВН Македонија.

Барање за согласност за приклучување на електро дистрибутивната мрежа
Барање за пуштање под напон
Мрежни правила за дистрибуција

Листа на правни лица за проектирање и-или изведување нестандарден надворешен приклучок за изолиран корисник