evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Програми за практикантска работа и стипендирање

Пограма за практикантска работа

ЕВН Македонија е компанија која во целост го поддржува образовниот процес и нашата поддршка е изразена преку можноста за практикантско искуство во нашата компанија. По детално разгледување на сите аспекти, ги согледавме бенефитите кои компанијата би ги имала преку ангажирање на практиканти. Тие претставуваат извор на високо мотивирани, се уште не изградени професионалци, кои можат да се развијат токму според потребите на компанијата, што е докажан начин за ангажирање и оценување на потенцијални вработени. Од друга страна со нашата понудена експертиза, може да придонесеме во развојот на образовниот систем во согласност со потребите на пазарот на труд.

Во 2009та година ЕВН ги отвори своите врати за млади и перспективни студенти кои сакаат да се стекнат со практично искуство во нашата компанија.

Изборот на практиканти е по пат на телефонско, индивидуално или групно интервју. Во зависност од образовниот процес практикантите се распределуваат во соодветна организациска единица.
Праксата е во интервал од еден месец во летниот период во јули, август и септември.
На првиот ден од програмата преку воведен тренинг практикантите се запознаваат со компанијата и со најзначајните бизнис процеси. Имаат прилика да ја посетат ХЕЦ Матка, диспечерскиот центар и одделот за односи со потрошувачи. За време на праксата за практикантите се грижат ментори кои се одговорни за нивно воведување во процесот на работата, подршка при работењето, следење и оценување.
Програмата завршува со настан наречен Ден на практиканти, каде учесниците имаат можност за размена на искуства а воедно и да бидат наградени за најкретивен труд на тема Моето практикантско искуство во ЕВН.
За успешноста на програмата сведочат голем број на практиканти, како и фактот дека повеќе од 30 тина учесници во програмата за практикантска работа се веќе вработени и се дел од тимот на ЕВН.
Програмата за практикантска работа на ЕВН е наградена за Оптшествено одговорна практика од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Програма за стипендирање на студенти од електротехничка струка

Со цел да се мотивираат младите да го продолжат своето образование во енергетскиот сектор, а воедно и да се развие човечкиот капитал и неговиот квалитет ЕВН беше првата енергетска компанија која во 2009-та година започна со доделување на стипендии на студенти од ФЕИТ,  следната година програмата ја проширивме и за студенти на УКЛО.
Оттогаш и интересот за запишување на овие насоки значително се зголеми. Студенти што успешно ја започнуваат студиската година и ги исполнуваат поставените критериуми се потенцијални приматели на стипендија.
До сега се доделени 19 стипендии. Стипендистите во текот на студирањето практицираат во различни организациски единици во ЕВН. 5 стипендисти од првите генерации веќе си го најдоа своето место во тимот на ЕВН и се вработени како специјалисти во одредени области.

Оглас за практикантска работа 2016
Конкурс за стипендии (Универзитет Св.“Климент Охридски“ - Битола)