evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Училишен проект на ЕВН Македонија

ЕВН Македонија спроведува посебна програма за едукација на најмладите за користење на електричната енергија разумно. Оваа активност која за прв пат во Македонија една компанија ја спроведе во ваков обем е посебна и по начинот на реализација, заради тоа што во ја користи помошта од граѓанските здруженија. Поточно, проектот се спроведува во соработка со здружението Конект како фасилитатор на активностите на терен на локалните организации: МАЦЕФ од Скопје, Младински Совет Охрид, Планетум од Струмица и Жетва на знаење од Прилеп.
Искуството од соработката е многу позитивно, и проектот досега добитник на повеќе награди за општествена одговорност.

Училишен проект 2007-2011

Проектот во првите четири години од реализацијата се спроведуваше преку оддржување на по една едукативна работилница во сите училишта во Републиката. Преку интерактивни методи за настава и надгелдни средства кои остануваат во училиштето, децата за време на работилницата имаа прилика да научат за изворите и видовите енергија што се користат во домовите и за тоа како безбедно и разумно да ја користат. Со ова тие ја увидуваат потребата од штедење и ги учат различните начини за заштеда на енергијата. Со цел да се задржи вниманието на учениците во текот на целата учебна година, тие имаа прилика да учествуваат во регионални и национални квизови каде што се натпреваруваа со знаењето стекнато за време на посетите.
Во првите четири учебни години беа посетени 287 основни училишта во сите општини низ Република Македонија. На 1.530 часа со знаења и вештини се стекнаа 34.588 ученици.
Проектот секоја година во имплементацијата се подобрува и надополнува, со воведување на новитети во наставата и надградба на едукативните материјали.

Нов концепт: фокус на квалитет

ЕВН Македонија изминатата учебна година од училишниот проект воведе системски промени во концептот. Наместо еднократни посети на училиштата со кој се одржуваа едночасовни работилници за енергетска ефикасност, сега нашите едукатори од локалните НВО ги посетуваат одбраните училишта во текот на целата учебна година.
Во 15 училишта низ цела Македонија ЕВН Македонија оформи енергетски клубови кои според посебна програма во текот на целата учебна година работеа на мерки за намалување на потрошувачката на електричната енергија во нивното училиште. Преку интерактивни вежби, практични примери, натпревари и многу други модерни методи, децата активно учеа како да се биде совесен при користењето на електричната енергија.
Бидејќи активностите на проектот се во насока на остварување на целите за локален економски развој, годинава се обезбеди директна инволвираност на кадарот на општината (енергетските менаџери), родителите и наставниците. Сите учесници на крајот на годината имаа можност заеднички да го промовираат сработеното на отворените денови во секоја од општините каде што беа оформени клубовите. На крајот на учебната година беше организиран и квиз во Скопје каде меѓу себе се натпреваруваа клубовите низ интересни интерактивни игри, а беше организиран и конкурс за најдобар постер.
Проектот во слична форма ќе продолжи со реализација и следната учебна година.

Резултати од проектот

Учениците вклучени во училишниот проект на ЕВН Македонија стекнатото знаење го применуваат и го пренесуваат на својата околина дискутирајќи за темите со своите соученици, родители, пријатели. Така се остварува и крајната цел на проектот: менување на навиките на крајните корисници на електрична енергија и на долг рок и намалување на трошоците за користење на електрична енергија на локално ниво.