evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Животна средина 

Рационалното искористување на природните ресурси и чувањето на биолошката разновидност на нашата планета се од највисоко значење за нејзиниот опстанок. ЕВН Македонија активно се вклучува во повеќе активности за заштита на природата, ги познава аспектите на влијание врз живиот свет што компанијата во рамките на своите дејности ги има и континуирано превзема мерки за намалување на штетните ефекти. 

Биодиверзитет

Заштита на штрковите е проект во кој се идентификува влијанието на мрежата на ЕВН Македонија врз штрковите и нивното потомство.Со цел да се заштитат од електричната мрежа, а при тоа да се запазат и законските обврски, ЕВН Македонија поставува платформи на оние столбови од мрежата на кои постојат гнезда на штркови. Со тоа се подига гнездото на штркот над столбот и каблите од дистрибутивната мрежа и се намалува можноста птиците да дојдат во допир со каблите и притоа да угинат од електричен удар.

Заштита на птици во Овче Поле е проект за проценка на заканите за зачувуање на птиците во два значајни орнитолошки локалитети во Македонија. Целта е да се искористат директни и индиректни методи на заштита и зачувување на белоноктата ветрушка, царскиот орел и египтескиот мршојадец чии популации се во опаѓање. Проектот се работи на територија на Овче Поле и Преод - Ѓуѓанце кои како значајни орнитолошки локалитети се признаени од BirdLife International. Методите во рамките на проектот опфаќаат проценка на видовите на храна, картирање на живеалиштата, поставување на куќички и платформи за гнездење со цел да се избегнат струјни удари, студија за влијанијата на евентуална изградба на ветерници, проценка на употребата на отрови и едукација на локалното население. 

 

Отпад

Одржувањето на чиста и здрава животна средина е сечија одговорност. Основа цел на управувањето со отпад е решение на проблемите со неговото еколошки несоодветно одлагање и отстранување.
За таа цел изработивме интерна програма за справување со отпад која е усогласена со законите на Република Македонија. Програмата вклучува: евиденција, селекција и отстранување на отпадот, а кон надлежните институции и ресорното министерство редовно се даваат извештаи за количините и видовите на отпад што компанијата ги создава.
На овој начин со постапното воспоставување на современ и одржлив систем за управување со отпад, преку оптимална комбинација на различни законски, економски и комуникациски механизми и инструменти ЕВН Македонија станува дел од интегрираниот систем и националната политика за управување со отпад.