evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Награди и признанија

За активностите во полето на општествената одговорност како и за целокупната работа ЕВН Македонија е добитник на многу награди и признанија. Од долгата листа како особено интересни ги издвојуваме:



  • ЕВН Македонија доби прва награда за вложување во заедницата на доделувањето на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2011 година. Наградата ја доби за проектот „Јованче и Марика”, првата патувачка детска опера во Македонија. Националната награда за општествена одговорност ја доделува Министерството за економија. ЕВН Македонија исто така доби јубилејно признание за континуирано спроведување на општествено одговорни практики за време од 5 години постоење на националната награда.

  • На националните награди за корпоративна општествена одговорност во 2011 година, во делот за Односи со корисници, ЕВН Македонија доби специјално признание за комбинирани напори за едукација на корисниците во полето на енергетска ефикасност. Наградата се однесуваше на активности реализирани во 2010, а ги додели Националното кооринативно тело за корпоративно општесвена одговорност при Министерството за Економија.

  • ЕВН Македонија доби награда за општествена одговорност за својот активен придонес во подобрувањето на условите за живот и потребите на лицата со хендикеп од Република Македонија. Идејата на дејствување на компанијата беше уживање на еднакви права и можности за сите. Наградата беше доделена во рамките на манифестацијата „Различни а еднакви“ од страна на министерот за правда, г. Блерим Беџети.
    Ленче Карпузовска во 2011 ја прими Златната бубамара
  • Компанијата беше добитник на „Златна Бубамара на популарноста“ во 2011 година како општествено одговорна компанија.

  • ЕВН Македонија во 2011 година од Детската амбасада за сите деца во светот за своите вложувања во општеството доби „Медал на мирот“.

  • Во 2009 година на националните награди за корпоративна општествена одговорност ЕВН Македонија доби две награди и две признанија. За новиот Центар за односи со корисници компанијата доби награда во категоријата Односи со потрошувачи. За училишниот проект Kids, ЕВН беше наградена во категоријата Вложување во заедницата. Освен наградите специјални признанија добија и проектите ЕВН Академија и Проектот за заштита на штрковите од електродистрибутивната мрежа. Наградите ги додели Националното кооринативно тело за корпоративно општесвена одговорност при Министерството за Економија.

  • ЕВН Македонија во 2009 беше наградена за донацијата на модерна апаратура за навремена дијагноза и третман на прематурна ретинопатија на очната клиника, проектот практикантска работа како и за проектот обновување на нисконапонската мрежа во населбата Шуто Оризари.